Shopping cart

Free Shipping for all orders over $200

Big Dumbbells
$120.00 x2
Vitamin Bottle
$80.00 x2

Subtotal:

$113.00
  • Следете нѐ:

MK

|

SQ

disabled_visible

Нутриција

Важноста на правилната исхрана

Правилната и балансирана исхрана е тема која често се појавува во статии, видеа и медиуми. Меѓутоа, со зголемениот пристап до информации преку социјалните мрежи, за многумина станува тешко да разликуваат факти од маркетинг и да разберат што навистина претставува правилна исхрана. Дури и покрај професионално направените материјали, често се пласираат полувистини кои предизвикуваат збунетост.

 
Единствената дефиниција за правилна исхрана
 
Правилната исхрана е онаа која е балансирана, разновидна и ги вклучува сите потребни макро и микро нутриенти: протеини, јаглехидрати, масти, витамини, минерали и вода. Зачувувањето на доброто здравје и превенцијата на болести бара избегнување или минимално внесување на храна богата со трансмасти, рафиниран шеќер, адитиви и вештачки состојки. Овие состојки се често присутни во производи кои се продаваат како „здрави“, но долгорочно може да го нарушат здравјето.
 

Хранењето здраво може да превенира милиони смртни случаи глобално!

Истражувањата покажуваат дека неправилната исхрана е значителен фактор за хронични незаразни болести како срцеви заболувања, рак и дијабетес. Во едно обемно истражување спроведено од Институтот за здравствени метрики и евалуација (IHME), со податоци од 1990 до 2017 година, заклучено е дека 11 милиони смртни случаи се директно поврзани со неправилната исхрана. Високата консумација на натриум и ниското внесување на непреработени житарки, овошје и зеленчук се главни причини за ваквите статистики. Овие последици од нездравата исхрана не ги поштедуваат луѓето по возраст, пол или социоекономски статус – засегнати се сите.

 
Што треба да се јаде секој ден за здрав живот?
 
Здравата исхрана подразбира балансиран дневен внес на сите видови храна.

 

Во прилог листа која може да послужи како водич за дневни приоритети во исхраната:

 

             Протеини

          Јаглехидрати

               Масти

Јајца

Овесни снегулки

Жолчки од јајца

Пилешко, телешко, мисиркино, свинско (чисто) месо

Интегрален ориз и тестенини

Јаткасти плодови и семиња

Риба

Сите видови на овошје

Авокадо

Одредени млечни производи (грчки јогурт, јогурт, урда)

Сите зеленчуци, особено зелените

Ладно цедено маслиново масло, кокосово масло

Грашок, грав, киноа, тофу, соја

Обичен и благ компир

Лосос, скуша, ослич, туна, морски плодови

Протеински прашок од сурутка

Мешункасти зеленчуци

Путер од кикирики, бадем, лешник

  Табела 1. Видови храна

 

Средна оцена:

3 (198 гласа)

Вашата оцена е евидентирана!