Што ако имате астма, дијабетес или срцево заболување пред оп...
Подготовката за операција може да биде стресна за секого, но кај пациенти со хронични заболувања как...
Velvet Health е проект на Здружението на лекари специјализанти (ЗЛС), водечка организација со над 600 членови која од 2017 година активно се залага за подобрување на здравствениот систем и положбата на младите лекари во Македонија. ЗЛС стои зад бројни иницијативи за унапредување на здравството – од зголемување на платите на специјализантите и обезбедување здравствено осигурување за приватните специјализанти, до организирање на симпозиуми и спроведување проекти за едукација и бесплатни превентивни прегледи за граѓаните.
Со Velvet Health, ЗЛС го продолжува своето мото – градење поздраво, поинформирано и поотпорно општество преку знаење, дигитална писменост и медицинска едукација достапна за сите.
Проектот Velvet Health е кофинансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Нашата мисија е да обезбедиме сигурен, бесплатен и лесно достапен извор на здравствени информации за сите граѓани. Преку иновативна дигитална платформа на македонски и албански јазик, сакаме да ги зајакнеме луѓето да носат информирани одлуки за сопственото здравје и да ја намалиме изложеноста на дезинформации.
Нашата визија е да изградиме заедница во која секој поединец – без разлика на неговиот социјален или економски статус – ќе има еднаков пристап до веродостојни здравствени информации. Стремиме кон општество каде дигиталната и здравствената писменост одат рака под рака, создавајќи услови за превенција, здрави навики и долгорочна благосостојба.
200
+Вкупно објавени статии
110
+Објавени статии од категорија Здравствени состојби и интервенции
15
+Објавени статии од категорија Лекови
40
+Објавени статии од категорија Нутриција
35
+Објавени статии од категорија Корисни информации
Подготовката за операција може да биде стресна за секого, но кај пациенти со хронични заболувања как...
Хемороидите се многу честа состојба што погодува милиони луѓе ширум светот. Иако многумина се чувств...
Регионалната анестезија е вид на анестезија при која болката се блокира само во одреден дел од телот...