Shopping cart

Free Shipping for all orders over $200

Big Dumbbells
$120.00 x2
Vitamin Bottle
$80.00 x2

Subtotal:

$113.00
  • Следете нѐ:

MK

|

SQ

disabled_visible

Мое здравје (Velvet Health) – Здравје достапно за сите

Ваш сигурен извор на медицински информации

Е-платформа за здравствена едукација

Бесплатен пристап до проверени медицински информации

Дигитална и здравствена писменост

Учиме заедно како да се грижиме за сопственото здравје

За нас

  • Velvet Health е проект на Здружението на лекари специјализанти (ЗЛС), водечка организација со над 600 членови која од 2017 година активно се залага за подобрување на здравствениот систем и положбата на младите лекари во Македонија. ЗЛС стои зад бројни иницијативи за унапредување на здравството – од зголемување на платите на специјализантите и обезбедување здравствено осигурување за приватните специјализанти, до организирање на симпозиуми и спроведување проекти за едукација и бесплатни превентивни прегледи за граѓаните.

    Со Velvet Health, ЗЛС го продолжува своето мото – градење поздраво, поинформирано и поотпорно општество преку знаење, дигитална писменост и медицинска едукација достапна за сите.

    Проектот Velvet Health е кофинансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Мисија

Нашата мисија е да обезбедиме сигурен, бесплатен и лесно достапен извор на здравствени информации за сите граѓани. Преку иновативна дигитална платформа на македонски и албански јазик, сакаме да ги зајакнеме луѓето да носат информирани одлуки за сопственото здравје и да ја намалиме изложеноста на дезинформации.

Визија

Нашата визија е да изградиме заедница во која секој поединец – без разлика на неговиот социјален или економски статус – ќе има еднаков пристап до веродостојни здравствени информации. Стремиме кон општество каде дигиталната и здравствената писменост одат рака под рака, создавајќи услови за превенција, здрави навики и долгорочна благосостојба.

142

Вкупно објавени статии

66+

Објавени статии од категорија Здравствени состојби и интервенции

9+

Објавени статии од категорија Лекови

31+

Објавени статии од категорија Нутриција

33+

Објавени статии од категорија Корисни информации

Најнови објави

Здравствени состојби и интервенции

Helicobacter pylori (H. pylori): Што е, како се открива и ка...

  Многу луѓе слушнале за „бактерија во желудник; – но не се сигурни што точно знач...

20.05.2026
Корисни информации

Како да ги разберете лабораториските резултати

  Добивате резултати од лабораторија, ги отворате… и гледате бројки, кратенки и ознаки ...

20.05.2026
Корисни информации

Настинка, грип или алергија? Како да ја препознаете разликат...

  Кашлица, течење на нос, кивање, замор… Сите овие симптоми можат да значат различни ра...

20.05.2026