Shopping cart

Free Shipping for all orders over $200

Big Dumbbells
$120.00 x2
Vitamin Bottle
$80.00 x2

Subtotal:

$113.00
  • Следете нѐ:

MK

|

SQ

disabled_visible

Здравствени состојби и интервенции

Што е атријална фибрилација

Атријална фибрилација е суправентрикуларна брза или бавна, меѓутоа неправилна, срцева работа (аритмија). Кога срцето работи во неговиот нормален ритам (синус ритам), работи во хармонична и правилна ритмична работа. За време на атријална фибрилација, преткоморите чукаат ирегуларно и хаотично, што доведува до ирегуларна и неефективна работа на пумпната снага на срцето а со тоа и до несоодветна оксигенација на белите дробови и останатиот дел од организмот.

 
 
Симптоми на holiday heart syndrome, поврзани со атријална фибрилација
 
Симптомите на holiday heart syndromeможе да варираат од благи до тешки, и честопати вклучуваат:
 
  • Палпитации: чувство на забрзанa или нерегуларнa срцева работа
  • Болка во градите: неудобност или болка во пределот на градите
  • Вртоглавица: чувство на вртоглавица или несвестица
  • Недостаток на воздух: тешкотии во дишењето, особено при физичка активност
  • Замор: невообичаен замор, посебно при физичка активност

 

Лекувањето на “holiday heart syndrome” се фокусира на отстранувањетo на симптомите и превенција од компликации. Тоа вклучува:

  • Модификација на стилот на живот прекунамалување на внесот на алкохол, внес на исхрана богата со здрави масти и намалување на стрес
  • Медикаменти:

Антикоагулатна терапија (се внесувасо цел да се намали ризикот од настанување на тромбови и нивно емболизирање)

Регулирање на брзината на срцевата фрекфенција (б– блокери, калциум антагонист)

  • Електрична кардиоверзија која епроцедура за ресетирање на ритамот на срцето преку електрична енергија
  • Аблација (или катетерска аблација) е процедура за умртвување на ткивото одговорно за создавање на импулси кои доведуваат до брза и неправилна срцева работа.

 

Како влијае атријалната фибрилација на вашето здравје?

Атријалната фибрилација може да доведе до сериозни компликации доколку не се открие или не се лекува.

  • Тромб(згрутчување на крвта)

Нерегуларниот ритам на срцето води кон создавање на турбулентен проток во срцето, а со тоа формирање на крвни згрутчувања во дел од срцето, наречено лев атријален продолжеток. Делови од тромбот можат да се откинат и да патуваат низ крвта до други делови од телото, блокирајќи го протокот на крв кон органи како мозокот, белите дробови, цревата, слезината или бубрезите. Атријалната фибрилација може исто така да го зголеми ризикот од венска тромбоемболија – крвно згрутчување  кое се формира во вените.

  • Когнитивно оштетување и деменција

Когнитивно оштетување и деменција, вклучувајќи Алцхајмерова болест и васкуларна деменција, се почести кај лицата со атријална фибрилација. Причината за оваа појава може да бидат микро  тромбоемболоси  во крвните садови на мозокот кои доведуваат до  намален проток на крв.

  • Срцева слабост

Ризикот од срцева слабост е поголем ако имате атријална фибрилација бидејќи срцето чука брзо и нерамномерно. Коморите на срцето не се полнат целосно со крв и не можат да пумпаат доволно крв до белите дробови и телото. Атријалната фибрилација може исто така да ги влоши постоечките симптоми на срцева слабост.

  • Мозочен удар

Мозочен удар може да се случи ако крвен згрутчок (тромб) патува до мозокот и го блокира крвниот сад кој го снабдува мозокот. За некои луѓе, атријалната фибрилација нема симптоми, а мозочниот удар може да биде првиот знак. Жените со атријална фибрилација, имаат зголем ризик од мозочен удар.

  • Срцев застој (кардиак арест)

Срцев застој (кога срцето одеднаш и неочекувано престанува да работи) е многу ретка појава, но е поверојатно да се јави при  атријална фибрилација.

 

  1.  Hindricks G, Potpara T, Dagres N, et al, for the ESC Scientific Document Group. 2020 ESC Guidelines for the Diagnosis and Management of Atrial Fibrillation, Eur Heart J. 2021 Feb 1;42(5):373– 498
  2. Voskoboinik A, Prabhu S, Ling LH, Kalman JM, Kistler PM. Alcohol and Atrial Fibrillation: A Sobering Review, J Am Coll Cardiol 2016 Dec 13;68(23):2567– 76
  3. NCBI Book on Atrial Fibrillation

Средна оцена:

3 (196 гласа)

Веќе сте гласале. Обидете се подоцна.