Shopping cart

Free Shipping for all orders over $200

Big Dumbbells
$120.00 x2
Vitamin Bottle
$80.00 x2

Subtotal:

$113.00
  • Следете нѐ:

MK

|

SQ

disabled_visible

Здравствени состојби и интервенции

Што е труење со алкохол и како се третира

Големото количество на консумирање во краток временски период доведува до труење со алкохол. Труењето со алкохол зависи од количината на алкохол, концентрацијата на етанол во пијалокот, времето за кое пијалокот е внесен во организмот, консумирањето на храна и консумирањето на други депресанти на централниот нервен систем. Овој тип на труење поминува низ 4 фази.

 

  1. Екситациска фаза – се јавува при алкохолемија од 0. 5 – 1. 5 промили во крвта. Се карактеризира со психомоторна возбуденост која што доведува до намалена контрола врз супресорните механизми како и со еуфорија, импулсивно однесување со желба за учество во сите разговори, говорливост и гестикулација, и зголемена сексуална агресивност поради зголемено либидо. Во оваа фаза се јавува и забавено време на реагирање и намалена мусклуна координација.
  2. Хипнотична фаза (пијана фаза) – 1. 5 – 2. 5 промили во крвта. Се карактеризира со дрско и непромислено однесување. Во оваа фаза се јавуваат првите симптоми на наркотичното дејство на алкохолот и тоа: несигурен од, неразбирлив говор, намалено внимание и концентрација, поспаност.
  3. Наркотична фаза (тешко пијанство) 5 промили алкохол. Се јавува состојба на ступор или кома, при што затруениот има ослабени рефлекси, нереактибилност, ослабено дишење, забрзана срцева работа и опаѓање на телесната температура. Во оваа фаза често се јавува и несвесно повраќање и инконтиненција (неможност да се задржат рефлексите на уринирање).
  4. Асфиктична фаза (фаза на задушување) брзо се надоврзува на наркотичната фаза, следи депресија на центарот за дишење во централниот нервен систем и смрт.

 

Третман на труење со алкохол

Не постои соодветен антидот (противлек) којшто се користи во третманот на труење со алкохол. Третманот е насочен кон елиминирање на алкохолот од крвта.

  • Гастрична лаважа – Во првите часови од труење се користи гастрична лаважа која што овозможува испирање на желудникот од заостаната количина на алкохол, со цел спречување на дополнително зголемување на концентрацијата на алкохол во крвта.
  • Хидратација со физиолошки раствор и витамини од Б групата, со цел корекција на дехидратацијата.
  • Хемодијализа е резервирана за тешките пијанства и при висока концентрација на акохол во крвта (5 промили).

 

Какофорија или мамурлук претставува состојба на закрепнување по интоксикација со алкохол. Се карактеризира со главоболка, мачнина, гадење, повраќање, конфузија и често пати амнезија на претхондите случувања.

 

  1. Halimova, Yu. S. (2023) Morphofunctional Aspects of Internal Organs in Chronic Alcoholism, AMALIY VA TIBBIYOT FANLARI ILMIY JURNALI, 2 (5). pp. 83– 87. ISSN 2181– 3469
  2. Alcohol Consumption, Cardiac Biomarkers, and Risk of Atrial Fibrillation and Adverse Outcomes, by Dora Csengeri et al., European Heart Journal, doi: 10.1093/eurheartj/ehaa953
  3. WHO Alcohol Fact Sheet
  4. Halimova, Yu. S. (2023) Morphofunctional Aspects of Internal Organs in Chronic Alcoholism, AMALIY VA TIBBIYOT FANLARI ILMIY JURNALI, 2 (5). pp. 83– 87. ISSN 2181– 3469

Средна оцена:

3 (193 гласа)

Оцени: