Дијагностички тестови за идентификување и третман на рак на фаринксот и ларинксот
Дијагностичките тестови на фарингеален или ларингеален карцином вклучуваат:
Физикален преглед.
Фибероптичка ларингоскопија: често првa дијагностичка процедура на карциномите на грло. При оваа процедура докторот пласира мала камера преку носот за егзаминација на назофаринксот, орофаринксот и ларинксот. Оваа процедура овозможува да се детерминира потребата од биопсија.
Имиџинг тестови: со имиџинг тестовите се овозможува точна локација на суспектниот канцероген процес и покажуваат дали истиот инвадирал во околните структури. Имиџинг техники користени при карциними на грло се:
1. КТ или КАТ скен (компјутеризирана аксијална томографија).
2. ПЕТ скен (позитронска емисиона томографија).
Третманот на ракот на фаринксот и ларинксот варира во зависност од неколку фактори меѓу кои стадиумот на тумор, големината и локацијата на туморот и степенот на зафатеност на нормалната функција на гркланот. Вообичаените третмани вклучуваат:
Хирургија – отстранување на туморското ткиво и сите ткива зафатени со истото.
Радиотерапијата користи високоенергетски зраци од извори како што се Х– зраци и протони за да испорача зрачење до клетките на ракот, предизвикувајќи нивно уништување.
Хемотерапија – лековите за хемотерапија ги убиваат клетките на ракот и го контролираат нивниот раст. Хемотерапијата може да вклучува еден лек или комбинација од два или повеќе лека, во зависност од видот на ракот и брзината на раст.
Имунотерапијата го користи имунолошкиот систем за борба против ракот. Имунолошкиот систем на телото кој е нормална одбрана против болести можеби нема да го нападне ракот бидејќи канцерогените клетки произведуваат протеини кои им помагаат да се сокријат од клетките на имунолошкиот систем. Имунотерапијата делува така што го попречува тој процес. Третманите за имунотерапија обично се резервирани за луѓе со напреднат рак на грлото кој не реагира на стандардните третмани.
Нашата веб страница користи колачиња. Покрај неопходните, може да користиме колачиња за функционалност, аналитика и маркетинг. Со кликнување на „Прифати“, се согласувате со употреба на сите колачиња.