Shopping cart

Free Shipping for all orders over $200

Big Dumbbells
$120.00 x2
Vitamin Bottle
$80.00 x2

Subtotal:

$113.00
  • Следете нѐ:

MK

|

SQ

disabled_visible

Здравствени состојби и интервенции

Современи методи за третман на дијабетесот

Како една од најзастапените хронични болести на денешницата, пристапот кон лекување на дијабетот има за цел да ја намали или одложи појавата на компликации, а со тоа и да обезбеди квалитетен и долг живот кај пациентите. Од клучно значење се мултидисциплинарниот пристап и едукација на пациентите околу начините на кои можат да си помогнат себеси, информираност околу намалување на ризиците преку соодветен режим на исхрана, физичка активност и откажување од штетните навики.

Намалување на прекумерната телесна тежина
 
Кај пациентите кои имаат прекумерна телесна тежина, намалувањето на само 5 – 7% од тежината доведува до значајно подобрување во гликорегулацијата и намалување на ризикот од компликации. За постигнување на овој резултат не се потребни премногу рестриктивен начин на исхрана или преголема физичка активност. Овие промени полесно се достигнуваат и одржуваат, а со тоа и трајно може да се промени свесноста и навиките за исхрана и физичка активност.
 
Откажување од штетните навики
 
Намалување, или уште подобро, целосно елиминирање на консумацијата на алкохол и цигари е значаен чекор напред во постигнувањето на контрола врз дијабетот и зачувување на општото здравје. Откажувањето од овие пороци не е лесно, тоа е долг процес кој бара истрајност и мотивираност кај пациентите. Здравствените работници треба да се вклучат и како поддршка и за да обезбедат ресурси, а доколку е потребно, и да посочат соодветна терапија за намалување на штетните навики.
 
Здрави избори во исхраната
 
Потребно е максимално да се избегнуваат додадените шеќери во храната и пијалоците, како и кондиторските производи и десерти. Оброците треба да се балансирани и да содржат што повеќе свежи состојки во комбинација со квалитетен извор на протеини. Што се однесува до маснотиите, треба да се инсистира на поголем внес на здрави масти со поголем процент на незаситени масни киселини, а редукција на заситените и преработени масти. Важен е и соодветен внес на вода од минимум еден и половина литар вода на ден.
 
Движење и физичка активност
 
Цел кон која треба да се стремат пациентите е минимум 150 минути физичка активност неделно, а идеално е и повеќе, во зависност од индивидуалните можности. Особено е важно да се гледа на физичката активност како здрава навика и промена на животниот стил, бидејќи движењето помага во искористувањето на шеќерот во крвта и превенира големи покачувања на шеќерот во крвта веднаш после оброк.

 

Водење сметка за редовно примање терапија и редовни медицински прегледи

Доколку ви е препишана терапија за дијабет, таблети или инсулин, од исклучителна важност е да ја примате онака како што ви ја препишал вашиот лекар, односно да не пропуштате дози, самоиницијативно да не ја прекинете и да не ја модифицирате терапијата. Дополнително, редовните лабораториски контроли и специјалистички прегледи се незаменлива алатка за следење на вашето здравје и рана детекција на компликациите. 

Средна оцена:

3 (182 гласа)

Вашата оцена е евидентирана!