Shopping cart

Free Shipping for all orders over $200

Big Dumbbells
$120.00 x2
Vitamin Bottle
$80.00 x2

Subtotal:

$113.00
  • Следете нѐ:

MK

|

SQ

disabled_visible

Здравствени состојби и интервенции

Алкохол и алкохолизам - дефиниција и третман

Алкохoлни пијалоци се пијалоци  кои што содржат етанол  и  преставуваат втора најчесто употребувана психоактивна супстанца во светот по кофеинот. Според СЗО околу 44% од светската популација консумира алкохол.

Алкохолот претставува дел од традицијата, културата  и социјална интеракција низ светот. Причината поради која истиот е употребуван е поврзана со неговата улога врз централниот нервен систем и излачувањето на допамин – невротрансмитер – којшто предизвикува чувство на релаксација, задоволство, еуфорија и намалена социјална инхибиција.

 
Што преставува еден пијалок?

Еден стандарден пијалок или една алкохолна единица е секој пијалок кој што содржи 14 грама или чист алкохол ,,етанол“. Најчесто тоа претставува 354 грама пиво(5%), 141 грама вино (12% алкохол), 42 грама дестилиран алкохол – жесток пијалок (40%) алкохол.

Консумирање на алкохол:
 
  • Пиење во умерени количини подразбира: Пиење на 1 алкохолна единица за жени и 2 алкохолни единици за мажи. Некои студии го покажале позитивното дејство на одредено количество и тип на алкохол, меѓутоа ниту една доза на алкохол не е комплетно безбедна.
  • Консумирањето на големи количини на алкохол: Ја зголемува концентрацијата на алкохол во крвта на 0,08 проценти –  или 0,08 грама алкохол по децилитар или повисоко. За возрасна индивидуа, овој модел соодветствува со консумирање на 5 или повеќе дози (за мажи) или 4 или повеќе дози (за жени) во рок од 2 часа.
  • Прекумерна употреба на алкохол: Консумирање на пет или повеќе дози пијалок било кој ден или 15 или повеќе дози пијалок неделно за мажи и консумирање на четири или повеќе дози пијалок на ден или 8 или повеќе дози пијалок неделно за жени е прекумерна употреба на алкохол. Генерално, консумирање на големи количини во текот на пет или повеќе денови во еден изминат месец е прекумерна употреба.
  • Прекумерна употреба на алкохол: Прекумерната употреба на алкохол се однесува на пиење на начин, во ситуација, количина или фреквенција, што може да му наштети на лицето кое пие или на оние околу него. Злоупотребата на алкохол вклучува пиење големи количини и прекумерна употреба на алкохол.

Нарушувањето поврзано со прекумерното консумирање на алкохол (AUD) е медицинска состојба која се карактеризира со нарушена способност да се престане со консумирање на алкохол, иако постојат негативни социјални, професионални или здравствени последици. Оваа состојба е позната под терминот алкохолна злоупотреба, алкохолна зависност, алкохолна адикција или алкохолизам. AUD доведува до нарушување и болести поврзани со мозокот и останатиот дел од организмот. 

 
Деjството на алкохолот врз организмот

Алкохолот дејствува на целиот организам на човекот. На следната фотографија е прикажано влијание на алкохолот на поединечни органи и нивното најчесто нарушување.

 

Лекување на алкохолизам

Лекувањето на алкохолизмот опфаќа комбинација од неколку терапевтски модели, бидејќи не секогаш еден модел е доволен за откажување од алкохолот.

 

Типови на третман:

  • Лекови –Три лекови се одобрени од Американската агенција за храна и лекови (FDA) за помош на луѓето, сè со цел да престанат, да го намалат пиењето на алкохол и да спречат враќање на консумирањето: налтрексон (орална или парентерална форма), акампросат и дисулфирам. Овие лекови не создаваат зависност и може да се користат сами или во комбинација со бихевиорални третмани и групи за поддршка.
  • Бихевиорални третмани – Ова се терапевтски процедури кои се изведуваат со помош  на лиценцирани психолози и психијатри, и со помош на таканаречена разговорна терапија. Насочени се кон промената на однесувањето на личноста, кон учење и стекнување на вештини за справување и спречување на консумирањето на алкохол. Опфаќаат и терапии за зајакнување на вниманието што ќе доведе до ангажирање на лицата со активности, со цел да се отстрани помислата и потребата за алкохол. 
  • Групи за поддршка – Овие групи имаат за цел да обезбедуваат поддршка од врсници или  лица кои што се наоѓаат во иста или слична ситуација и злоупотребуваат алкохол. Преку споделувања на искуствата и причините  за ситуацијата во која што се наоѓаат кај овие лица, се обезбедува заедничка групна поддршка и чувство на припадност, која што води до зголемена желба за успех во групната терапија. 

  1. Halimova, Yu. S. (2023) Morphofunctional Aspects of Internal Organs in Chronic Alcoholism, AMALIY VA TIBBIYOT FANLARI ILMIY JURNALI, 2 (5). pp. 83– 87. ISSN 2181– 3469
  2. Alcohol Consumption, Cardiac Biomarkers, and Risk of Atrial Fibrillation and Adverse Outcomes, by Dora Csengeri et al., European Heart Journal, doi: 10.1093/eurheartj/ehaa953
  3. WHO Alcohol Fact Sheet
  4. Halimova, Yu. S. (2023) Morphofunctional Aspects of Internal Organs in Chronic Alcoholism, AMALIY VA TIBBIYOT FANLARI ILMIY JURNALI, 2 (5). pp. 83– 87. ISSN 2181– 3469

Средна оцена:

2,9 (161 гласа)

Оцени: