Shopping cart

Free Shipping for all orders over $200

Big Dumbbells
$120.00 x2
Vitamin Bottle
$80.00 x2

Subtotal:

$113.00
  • Следете нѐ:

MK

|

SQ

disabled_visible

Здравствени состојби и интервенции

Карцином на грло - типови, симптоми и причини

Тумор  на грло (карцином) е општ термин за карциноми кои зафаќаат еден или повеќе делови од грлото што се однесува на тумор  кој започнува во грлото (фаринксот) или гласовната кутија (ларинксот). Грлото е мускулна цевка која започнува зад носот и завршува во вратот. Гласовната кутија се наоѓа веднаш под грлото па исто така е подложна на рак. Гласовната кутија е изградена од ’рскавица која содржи гласни жици кои вибрираат за да создадат звук при зборување. Некои типови на рак кои се создаваат во пределот на грлото, во усната шуплина, јазикот, плунковните жлезди, синусите, носот или увото, се класифицирани како карциноми на главата и вратот.

 

Типови на карциноми на грло

Иако повеќето видови на рак на грлото ги вклучуваат истите типови на плоснати клетки (обично се формирани од сквамозните клетки –  тенки, рамни плоснати клетки што ја препокриваат внатрешноста на усната шуплина, фаринксот и ларинксот), посебни термини се користат за да се разликува анатомскиот дел од грлото каде што ракот потекнува (назофарингеален карцином, орофарингеален карцином, хипофарингеален карцином, ларингофарингеален карцином, глотичен карцином, супраглотичен карцином, субглотичен карцином).

 

Симптоми на карцином на грлото

Симптомите на карцином на грлото се многу слични на симптоми на други помалку сериозни здравствени состојби и присуството на овие симптоми не значи и постоење на рак на грлото. Вообичаени симптоми на рак на грлото:

  • Воспалено грло, фарингитис кој што не се подобрува
  • Болка или потешкотии при голтање (дисфагија)
  • Потешкотии при целосно отворање на устата, (тризмус) или движење на јазикот
  • Необјасниво губење на тежината
  • Промени на глас кои перзистираат (опстојуваат, не се менуваат)
  • Отежнато дишење (диспнеа)
  • Постојана болка во уво
  • Грутка (тумор) во задниот дел на грлото или усната шуплина
  • Грутка (тумор) на вратот
  • Искашлување и исплукување на крв
  • Бели наслаги на јазикот или слузницата на устата кои не исчезнуваат
 

Причини за карцином на грло

Рак на грлото се јавува кога во клетките на грлото се развиваат генетски мутации. Овие мутации предизвикуваат неконтролиран раст на клетките и истите би продолжиле да живеат во услови во кои здравите клетки би умреле. Акумулација на овој тип на клетки формираат тумор во грлото. Не е јасно идентификувано што ја предизвикува мутацијата, но идентификувани се факторите кои можат да го зголемат ризикот за формирање на овој тип на рак.

 
Злоупотреба на тутун

Злоупотребата  на тутун е најчеста причина за рак на усната шуплина, орофарингеален, хипофарингеален и ларингеален карцином. Ризикот за создавање на ваков вид на карцином е околу 5 до 10 пати поголем кај моменталните пушачи отколку кај луѓето кои никогаш не пушеле и е правопропорционално поврзан со времетраењето и количината на пушење цигари.

Употребата на сите видови тутун, вклучувајќи цигари, лулиња, пури и бездимен тутун (бурмут и тутун за џвакање) може да предизвика рак на усната шуплина, орофаринксот, хипофаринксот и ларинксот.

 
Прекумерна употреба на алкохол

Злоупотребата на алкохол е исто така важен ризик фактор за рак на усната шуплина, орофарингеален, хипофарингеален и ларингеален карцином.

Ризикот се зголемува со бројот на алкохолни пијалоци кои се консумираат дневно. Ризикот за создавање на овие видови на рак е 2 до 6 пати поголем кај луѓето кои консумираат 2 или повеќе алкохолни пијалока дневно во споредба со оние кои не консумираат алкохол.

 
Прекумерна употреба на тутун и алкохол

Ризикот од рак на грлото е поголем кај луѓето кои користат и тутун и алкохол отколку кај луѓето кои користат само тутун или само алкохол. Ризикот од рак на усната шуплина и орофарингеален карцином е околу 5 до 14 пати поголем кај луѓето кои и пушат и пијат во прекумерни количини отколку кај луѓето кои никогаш не пушеле цигари или не консумирале алкохол.

 

Инфекција со хуман папиломавирус (ХПВ)

Инфекција со одредени видови на хуман папиломавирус (ХПВ), особено ХПВ– 16, го зголемува ризикот од  ХПВ инфекцијата.  Исто така може да го зголеми ризикот од некои видови на рак на усната шуплина. ХПВ инфекцијата се шири главно преку сексуален контакт.

Ризикот од орофарингеален карцином е околу 15 пати поголем кај луѓето кои имаат орална ХПВ– 16 инфекција во споредба со луѓето кои немаат орална ХПВ– 16 инфекција

 

Како и сите видови на рак, важно е ракот на грлото да се дијагностицира што е можно порано и попрецизно. Ова овозможува зголемување на шансата за излекување, а во исто време и зачувување на квалитетот на животот, зачувување на способноста за говор и голтање.

 

 

Средна оцена:

3 (186 гласа)

Оцени: