Shopping cart

Free Shipping for all orders over $200

Big Dumbbells
$120.00 x2
Vitamin Bottle
$80.00 x2

Subtotal:

$113.00
  • Следете нѐ:

MK

|

SQ

disabled_visible

Корисни информации

Ловци на инфекции: Како да се заштитиме од сезонски вируси?

Што се вирусни заболувања?

Вирусните заболувања се инфекции предизвикани од микроби наречени вируси.

Вирусите предивикуваат многу заболувања како на респираторниот (горен и долен тракт), така и на гастроинтерстинален тракт , ЦНС и др. органи и системи. Најчесто може да предизвикаат лесни настинки, но и тешки инфекции како бронхиолитис, ларингитис, воспаление на грло, воспаление на уши, пневмонија, пролив, повраќање, болки во стомак, и животозагрозувачки инфекции како менингоенцефалити.

 

Респираторните инфекции во детската возраст се честа појава и опфаќаат 60-70% од вкупниот морбидитет. Кај деца помлади од 5 години нормална е појава дури на 9-12 акутни горнореспираторни инфекции годишно.

 

Егзогени причини за голема вчестеност на респираторните инфекции кај одредена група деца се влажноста и аерозагадувањето во домот, ниското здравствено воспитување на нивните родители и големата експозиција на инфекции во колективни установи (претшколски и школски установи). Од ендогените причини од значење се анатомско-функционалните особености на респираторниот систем кај децата.

 

Како детето расте и како е во постојан контакт со инфекции, неговиот имунолошки систем созрева и е склон кон поголема одбрана на организмот.

 
Кои се симптомите на вирусни инфекции?

Тоа се: покачена темература, замор/малаксаност/поспаност, одбивање на храна, затнат или растечен нос,кивање,  кашлица, осип, повраќање, дијареа, болки во стомак, болки во мускули.

 
Како се пренесуваат вирусните инфекции?

Еден од начините на пренесување е капков пат со кивање и кашлање (директен пренос). Другиот начин на пренесување е при допир на контаминирана површина од плунка, слуз, повраќање или столица од инфицирана особа (индиректен пренос).

 
Како да се заштитиме од ширење на инфекциите?

Чување и мирување на болно дете во домашни услови го намалува ширењето на инфекцијата.

Добра хигиена го спречува ширењето на инфекциите во домашни услови и вклучува: миење на раце со сапун или алкохол, да не се делат чаши и прибор за јадење со други лица, да се едуцира детето доколку кашла или кива тоа да го стори во шамивче или во лакт, да се учат децата дека контаминираните хартивчиња треба веднаш да се фрлат во кантата за отпадоци. Ако е возможно да не се посетуваат бебиња, ниту стари лица, баби и дедовци додека се болни.

 
Како да се третираат вирусните заболувања?
  • Антибиотиците НЕ делуваат на вирусни инфекции. Најдобар третман за вирусни инфекции е мирување. Тоа ќе му овозможи на детскиот имун систем да се бори со вирусот.
  • Давање на доволна количина на течности по малку на уста ,секој 15 минути е добар водич во третман на вирусните инфекции. Ова ќе му даде енергија на телото и ќе спречи дехидратација. Бебињата често имаат потреба од мајчино млеко или адаптирана млечна формула како извор на течности. Понекогаш е потребно да се дадат електолити.
  • Нормално е децата да изгубат апетит додека се болни. Но , не грижете се доколку детето го намали количеството на оброк, битно е да пие доволно течности. Ќе почне да јаде наредните денови кога ќе му биде подобро.
  • Доколу носот е опструиран или има течење на носот потребно е солен раствор или деконгестив кај поголемо дете.
  • Доколку има покачена темература или болка во мускулите потребно е да се даде Парацетамол или Ибупрофен. Секогаш да се внимава да се даде точната доза на лекот според неговата килажа со цел да не биде субдозирана или предозирана. Туширање со млака вода исто е пожелно за намалување на темературата.
  • Убаво би било доколку би имале прочистувач на воздух во домот.
  • Редовна имунизација според календар.
  • Избегнување бакнување, гушкање и поздравување со рака. Кај поголеми деца во затворен простор по желба може да носат маски, физичка дистанца.
  • Внесување на витамини преку јадење на здрава храна (овошје, зеленчук), мед за деца над 1 година исто така помага во борба со вирусите.
 
Колку долго траат вирусните инфекции?

Траењето на една вирусна инфекција најчесто трае во просек 5-7 дена, но некогаш може да трае и 2 недели.

 

Компликации и ургенти состојби во педијатрија предизвикани од вирусни инфекции како бронхиолитис, круп синдром или тежок астматичен наоад веднаш да побараат помош кај матичен педијатар.

 

 

Изготвила спец. д-р Елита Манева Гуџевска
 
 

Средна оцена:

3,2 (32 гласа)

Оцени:

Вашата оцена е евидентирана!