Астма во детска возраст и акционен план како астмата да се држи под контрола
Што е астма?
Астма е хронична инфламациска болест на белите дробови која ги зафаќа децата и возрасните во целиот свет. Се смета дека секое десетто дете во Америка има астма. Како што и самиот збор кажува хронична болест, таа не може да се излечи, но може да се стави под контрола и да се подобри квалитетот на живот на детето.
Кој се симптоми на астма?
Тоа се кашлица, отежнато дишење/глад за воздух, рецидивни епизоди на weezing, стегање во градите.
Кои се тригер фактори на астма?
1. Вирусни инфекции (Rhinovirus, RSV, Influenza и Parainfluenza).
Овие деца потешко можат да реагираат на овие инфекции и често им е потребна хоспитализација и давање на прва помош во ургентна амбуланта.
Веднаш доколку се јават симптоми да се вклучи краткоделувачки бронходилататор (Salbutamol).
2. Цигари и аерозагадување
Аерозагадувањето е една од причините за егзацеребрација на астма, поради инфламација на долните дишни патишта. Изложување на децата на пасивно пушење може да дојде до влошување на болеста или до пролонгирани епизоди на визинг. Дополнителни алергени може да бидат парфеми, средства за чистење во домот, свеќи и ароматизери во просторијата.
Потребно е избегнување на овие тригер фактири и често проветрување на просторијата.
3. Алергени во затворен простор
Најчеста причина за алергиска астма се домашна прашина, грињи, влакна од домашни животни, мувла. Тие се предизвикувачи на целогодишна астма. Често застапени во домот и во ушилиште.
Да се избегнуваат алергените, купување на антиалергиски перници и постелнини, антиалергиски душеци, неделно вриење на постелнината. Исто така поволен ефект имаат и прочистувачи на воздухот, доколку редовно се менуваат филтрите.
4. Алергени во надворешната средина
Најчести алергени во надворешната средина се полен треви, полен дрва, плевел, како и мувли. Најинтензивна концентрација на полен дрва има во пролет, на треви во лето, плевел во есен. Мувлата пак зависи од влажноста на воздухот и врнење на дожд. Алтернарија е една од најчестите влошувачи на симптомите на астма.
Препораки – Миење по враќање дома во ек на сезона, бањање после играње на фудбал или друг спорт во трева , затворање на прозори во сезона на пролет, носење на очила за сонце.
5. Домашни живoтни
Најголем дел од децата се љубители на домашни миленичиња, но кај децата кој имаат астма треба да избегнуваат чување на домашно милениче во својот дом. Најчести предизвикувачи се куче, маче, хрчак и зајак. Алергените се присутни во влакната, перутење на кожата, плунката и урината на домашните миленици.
Препораките се да се отстранат домашните животни (да се поклонат на друг), да се исчисти темелно домот во кое веќе предходно живеело домашното животно.
6. Ладно време и темературни разлики
Ладното време прави иритација на дишните патишта и е тригер фактор на астмата. Наглата промена во темературата на воздухот може да направи спазам и да ја влоши астмата.
Тешко може да ги избегнеме темературните разлики во атмосферскиот воздух.
7. Вежбање
Често после 5-20 минути од вежбање под силен напор , можат да се јават симптоми на астма.
Што да направиме? Се препорачува земање на Salbutamol пред вежбање, како би се избегнале симптомите после вежбање. Исто така децата со астма треба да избегнуваат тешки спортови.
8. Инсекти
Децата кој имаат астма и се алергични на убод од инсект (пчела, оса, стршлен, мравки) може од убод на инсектот да дојде до влошување на астмата. Симптомите се јавуваат веднаш по убодот од инсект.
Препорака е секогаш и секаде носење на епинефрин и/или антихистаминик кој треба да се употреби веднаш по убодот на инсект и веднаш да се упати во ургентна педијатриска амбуланта.
9. Стрес
Стресот е исто така голем тригер фактор за влошување на симптомите на астма. Напад на астма може да се јави при голем стрес како загуба на близок член во фамилија, проблеми во школо, булинг.
Разговор со доктор или психолог може да доведе до намалување на стресот кај детето.
10. Обезност
Астма индуцирана од обезност е една од причините за неконтролирана астмата. Потребен е диететски режим во намалување на килограмите, како и балансирана исхрана, т.е здрав начин на живот.
11. Мултипли фактори
Терапија
Медикаментозна терапија
Спречување и елиминирање на тригер факторите може да ги намали егзацербациите и да го подобри квалитетот на животот кај детето
Медикаментозната терапија се дели на симптоматска и превентивна терапија за астма.
Симптоматска терапија
Salbutamol
Ipratopium bromide
Системски кортикостероид
При незадоволителен одгвор на горенаведените лекови се дава Aminophillin
Ако астматичниот напад не се смири и со горенаведениот лек тогаш е потребна интубација и поставување на инвазивна механичка вентилација
Комбинирани препарати (инхалирачки кортикостероид и долгоделувачки бета-2 агонисти (>5 години))
Леукотриенски рецепторни антагонисти (> 2 години)
Anti IgE antitela кај атописка астма (> 6 години)
Специфична имунотерапија
За инхалирачките медикаменти се користат помагала (Volumatic, Babyhaler, Aerochamber, Novolizer, Turbohaler, Discus, инхалатор) во зависност од возраста, со кое се постигнува подобар ефект при адекватна техника за примање на овие лекови и помал ризик од несакани ефекти на лекот.
За постигнување на контрола на астмата освен медикаментозна терапија, значајно е одбегнување на тригер фактори, добра едукација на родителите и децата за болеста и техниката на примање на лековите и следење на болеста.
Класификација на астмата според степен на контрола и ефект на терапија: комплетна контрола, добра контрола, делумна контрола и нема контрола.
Редовни контроли на 1-3 месеци. Во случај на незадоволителен ефект се проверува соработката на пациентот и семејството, техниката на користење на помагалото, одбегнување на тригер фактори и евентуално да се размисли дали се работи за друга дијагноза.
Се советуваат пациентите да водат дневник на симптоми :
Дневни симптоми (нема/неделни/континуирано)
Ограничување на активноста (нема/мала/ екстремна)
Ноќни будења/симптоми (нема /неделно/месечно )
Симптоматска терапија (нема/неделно/месечно)
Белодробна функција (60-80%)
Егазербации (годишно-1,2 >2 години)
Несакани ефекти од терапијата
Во договор со педијатар се оди чекор нагоре или надоле во зависност од каква е контролата на астмата.
Акционен план за астма = план за менаџирање на астмата е писмен план што го креирате вие со вашиот педијатар за да се подобри контролата на астмата на вашето дете.
Целта на планот за акционен астма план е да се намалат или да се спречи влошувањето на астмата. Следење на препораките од акциониот план ќе му помогне во извршување на секојдневните активности без симптоми на астма.
Секој акционен план е индивидуален бидејки астмата на секое дете е различна. Планот вклучува : кој лекови ќе се земат и кога? Список на можни/ докажани тригери? Рани симптоми на влошување и што може да се прави доколку се јават? Кога да добиете итна медицинска помош?
Планот има 3 бои : црвена зона, жолта зона и зелена зона на семафорот.
Зелената зона - добро се чуствува
Жолта зона – зона на претпазливост
Црвена зона – зона на опасност
Акциониот план да се носи насекаде со вашето дете. Ажурирање на планот на секој 6 месеци кај вашиот педијатар.
Изготвил: Спец. д-р Елита Манева Гуџевска
Оваа веб страница користи колачиња
Нашата веб страница користи колачиња. Покрај неопходните, може да користиме колачиња за функционалност, аналитика и маркетинг. Со кликнување на „Прифати“, се согласувате со употреба на сите колачиња.