Shopping cart

Free Shipping for all orders over $200

Big Dumbbells
$120.00 x2
Vitamin Bottle
$80.00 x2

Subtotal:

$113.00
  • Следете нѐ:

MK

|

SQ

disabled_visible

Нутриција

Управување со киселински рефлукс: која храна помага, а која треба да се избегнува

Киселинскиот рефлукс се јавува кога мускулот кој се наоѓа на дното на хранопроводот (т.н. долен езофагеален сфинктер) не се затвора правилно, што овозможува желудочната содржина да се врати во хранопроводот.
Како последица на киселинскиот рефлукс, многумина почувствувале печење, непријатност, проблеми со голтање, кисел вкус во устата, болка и чувство на печење во грлото и градите, како и враќање на желудочната содржина во устата.
Со оглед на тоа што исхраната игра особено важна улога кај киселинскиот рефлукс, изборот на храна – онаа која може да помогне, како и онаа што треба да се избегнува – може да направи голема разлика.

Храна која може да предизвика киселински рефлукс

Одредени видови храна можат да ги влошат симптомите, стимулирајќи продукција на желудочна киселина или релаксирајќи го сфинктерот.
Храна што се препорачува да се ограничи или избегнува:

  1. Лути зачини – јадења што содржат лути пиперки (чили) или интензивни зачини можат да го иритираат хранопроводот и да ги предизвикаат симптомите на рефлукс.
  2. Цитрусно овошје – лимон, лимета, портокал и грејпфрут се овошја со висока киселост, кои можат да ја иритираат слузокожата на дигестивниот систем (особено ако се консумираат на празен стомак).
  3. Производи од домати – доматите и сосовите или супите од домати, поради нивната киселост, често предизвикуваат печење.
  4. Пржена и мрсна храна – јадења како пржени компири, поховано месо и мрсни парчиња месо ја забавуваат дигестијата и го зголемуваат ризикот од рефлукс.
  5. Чоколадо – содржи активни соединенија како кофеин, кои го релаксираат долниот езофагеален сфинктер и овозможуваат враќање на киселината.
  6. Кофеин – кафе, некои видови чај (црн чај, чај од мента) и енергетски пијалоци ја стимулираат продукцијата на желудочна киселина.
  7. Газирани пијалоци – различни газирани пијалоци го зголемуваат притисокот на долниот езофагеален сфинктер и го поттикнуваат рефлуксот.
  8. Алкохол – пивото, виното и жестоките пијалоци имаат двојно негативно дејство – го релаксираат сфинктерот и го зголемуваат лачењето на киселина.

Храна што може да помогне во намалување на симптомите

Има многу храна со благотворно дејство која може да помогне во ублажување на симптомите на киселинскиот рефлукс.
Препорачана храна:

  1. Овесна каша – одличен избор за заситувачки оброк со ниска киселост, кој помага да се апсорбира желудочната киселина.
  2. Банани и дињи – овошје со помала киселост, кое го смирува дигестивниот систем.
  3. Зелен листетст зеленчук – блитва, спанаќ и друг листест зеленчук се со низок киселински состав и лесно се варат.
  4. Коренест зеленчук – морков, сладок компир и цвекло содржат корисни хранливи материи и не го оптоваруваат желудникот.
  5. Интегрални житарки – кафеав ориз, киноа и интегрален леб обезбедуваат ситост и помагаат во апсорпција на киселината.
  6. Малку масни протеини – пилешко, мисиркино месо и риба (без пржење) се подобро прифатливи од мрсното месо.
  7. Јогурт и ферментирани млечни производи – содржат пробиотици, корисни бактерии за дигестивниот систем (изберете незасладени производи).
  8. Вода – наместо кафе, чај или газирани пијалоци, водата го намалува ризикот од рефлукс и е најдобар избор за хидратација.

Дополнителни совети за ублажување на киселинскиот рефлукс

  • Јадете помали и нискокалорични оброци – големите и калорични оброци го оптоваруваат желудникот и можат да предизвикаат рефлукс.
  • Одржувајте здрава тежина – вишокот килограми е дополнителен притисок на стомакот и ги влошува симптомите.
  • Не легнувајте веднаш по јадење – оставете најмалку 2-3 часа пред легнување, а прошетката е одличен избор.
  • Подигнете го узглавјето на креветот – оваа позиција го спречува враќањето на желудочната киселина.
  • Водете дневник за исхраната – со запишување што јадете, полесно ќе утврдите кои намирници ви ги предизвикуваат или ублажуваат симптомите.

Киселинскиот рефлукс може повремено да се јави кај секого, но честите епизоди може да укажуваат на состојба наречена гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ). Доколку симптомите се зачестени, консултирајте се со лекар.

  1. Mark Fox, C. Prakash Gyawali, Dietary factors involved in GERD management, Best Practice & Research Clinical Gastroenterology, Volumes 62–63, 2023, 101826, ISSN 1521-6918.
  2. Mehta RS, Song M, Staller K, Chan AT. Association Between Beverage Intake and Incidence of Gastroesophageal Reflux Symptoms. Clin Gastroenterol Hepatol. 2020 Sep;18(10):2226-2233.e4.
  3. Zhang M, Hou ZK, Huang ZB, Chen XL, Liu FB. Dietary and Lifestyle Factors Related to Gastroesophageal Reflux Disease: A Systematic Review. Ther Clin Risk Manag. 2021 Apr 15;17:305-323.

Средна оцена:

3 (79 гласа)

Оцени: