Shopping cart

Free Shipping for all orders over $200

Big Dumbbells
$120.00 x2
Vitamin Bottle
$80.00 x2

Subtotal:

$113.00
  • Следете нѐ:

MK

|

SQ

disabled_visible

Нутриција

Исхрана кај дијабетесот: клучни намирници за контрола на шеќерот во крвта

Дијабетесот е хронична болест која бара внимателно планирање на исхраната за одржување на стабилно ниво на шеќер во крвта. Со урамнотежена исхрана, потребно е да се научи како да се контролира внесот на јаглехидрати, кои се одговорни за покачување на нивото на глукоза во крвта по оброкот. На тој начин, ризикот од компликации може да се намали, а општото здравје на организмот да се подобри.

Правилната исхрана при дијабетес има за цел да обезбеди адекватен енергетски внес за да се постигне и одржи посакуваната телесна маса, како и да се одржи соодветен број на оброци во текот на денот за да се стабилизира оптималното ниво на шеќер во крвта. Ова вклучува разновидност на храна, со што се обезбедува соодветен внес на протеини, јаглехидрати, масти, витамини, минерали, влакна и вода, а со тоа да се ограничи внесот на сол и алкохол.

Намирници кои можат да помогнат во контрола на шеќерот во крвта и корисни совети за планирање на оброците:

1. Житарки - полнозрнести, наместо рафинирани и мешунки

Полнозрнестите житарки како што се јачмен, рж, интегрален ориз, овес, хељда и киноа се богати со влакна кои можат да спречат нагло покачување на шеќерот во крвта. За разлика од рафинираните производи како бел леб и тестенини, полнозрнестите житарки и мешунките (грав, грашок, леќа, наут) имаат понизок гликемиски индекс (ГИ), нивните јаглехидрати се разградуваат побавно во дигестивниот систем, што помага во одржување на стабилно ниво на глукоза во крвта.

Совет: Избирајте производи од житарки со ознака „100% интегрално“ и комбинирајте ги со зеленчуци без скроб и квалитетни протеини како што се јајца, немасно месо или риба за избалансиран оброк.

2. Зеленчук без скроб

Зеленчукот како брокула, спанаќ, зелка, тиквици и пиперки е одличен избор бидејќи содржи малку калории, а многу влакна, витамини и минерали. Зеленчукот без скроб не влијае значително на нивото на шеќерот во крвта и може да се консумира во поголеми количини.

Совет: Вклучете шарен зеленчук во секој оброк. Можете да го јадете суров, подготвен на пареа или печен со малку маслиново масло.

3. Здрави масти

Мастите кои се наоѓаат во намирниците како што се јатки, семки, авокадо, маслиново масло и масна риба (лосос, туна, сардина) можат да помогнат во намалување на воспалителните процеси во организмот и да го поддржат здравјето на кардио-васкуларниот систем. Тие исто така помагаат во подобра апсорпција на важни витамини.

Совет: Избегнувајте транс-масти (се содржат во одредени индустриски колачи и крекери, пржена храна, како и маргарини и растителни масти произведени при делумна хидрогенизација на маслото), ограничете ги заситените масти, пекарските производи, грицките, слатките и сувомесни производи. Користете маслиново масло како прелив за салата или уживајте во шака ореви или бадеми како ужина.

4. Храна богата со протеини

Протеините помагаат во стабилизирање на нивото на шеќерот во крвта и создаваат чувство на ситост. За квалитетни оброци, одберете немасно месо, риба, јајца, мешунки и јогурт.

Совет: Комбинирајте ги протеинските намирници со зеленчук или полнозрнести житарки за да си обезбедите избалансиран оброк кој ќе ве одржи сити подолго.

5. Овошје со низок гликемиски индекс

Овошјето како што се бобинки, јаболка, круши и цитрусни овошја може да биде дел од правилната исхрана за дијабетичари, бидејќи содржи растителни влакна и природни шеќери кои дигестивниот систем побавно ги апсорбира во крвта.

Совет: Консумирајте овошје во помали количини, најдобро во оброк кој содржи протеини или масти, за да го намалите влијанието врз нивото на шеќерот во крвта.

6. Млечни производи со низок процент на масти

Немасни или помалку масни верзии на млеко, јогурт и сирење се добар извор на калциум и протеини. Внимавајте да избирате производи без додадени шеќери (сахароза, гликозно-фруктозни сирупи, овошни сирупи, мед, мармалад и слични засладувачи).

Совет: Грчкиот јогурт без додатоци може да послужи како ужина или база за смуди.

7. Користете зачини при готвење и ограничете ја солта

Зачините кои даваат побогат вкус, а содржат корисни антиоксиданти, вклучуваат куркума, слатка и лута пиперка, босилек, рузмарин, копар, коморач, ким, ѓумбир, темјан, цимет.

8. Пијте доволно вода

Хидратацијата е посебно важна, а при пасивен начин на живот потребно е да се внесуваат околу 2 литри вода дневно (при физичка активност и повисоки температури на околината потребите се зголемуваат).

Три клучни совети за исхрана при дијабетес:
  1. Редовни оброци: Јадете во правилни интервали за да спречите нагли промени на шеќерот во крвта.
  2. Контрола на порциите: Консумирајте помали порции почесто за да избегнете прејадување (во зависност од целокупната терапија, на пример 3 оброци и 2 меѓуоброци дневно, а ноќен оброк по потреба).
  3. Избегнувајте преработена храна: Слатки, газирани напитоци и брза храна често содржат големи количини шеќер и нездрави масти.

Правилното планирање на исхраната е клучот за успешно управување со дијабетесот. Со консултации со лекар или нутриционист, можете да го прилагодите планот на исхрана според вашите потреби и животен стил. Потсетуваме, мали промени можат да донесат големи резултати!

Средна оцена:

3 (80 гласа)

Вашата оцена е евидентирана!