Shopping cart

Free Shipping for all orders over $200

Big Dumbbells
$120.00 x2
Vitamin Bottle
$80.00 x2

Subtotal:

$113.00
  • Следете нѐ:

MK

|

SQ

disabled_visible

Нутриција

Исхрана кај хронични болести на бубрезите: Совети за внес на протеини, калиум и течности

Хроничната болест на бубрезите бара прилагоден план на исхрана кој ќе спречи преоптоварување на функцијата на бубрезите и понатамошно нарушување на општото здравје. Овој тип на исхрана бара индивидуален пристап, но обично се планира така што ќе вклучува помал внес на електролити, особено калиум и фосфор, со контрола на внесот на протеини и течности. Исхраната базирана на растителни производи, богата со влакна, може да помогне во забавувањето на напредокот на хроничната бубрежна болест и превенцијата на откажување на бубрезите и дијализата, со намалување на кардиоваскуларниот ризик.

Внес на протеини: Колку и кои видови?

Протеините се неопходни за бројни телесни функции, но нивниот прекумерен внес ги преоптоварува бубрезите кои треба да филтрираат нуспроизводи од нивното разградување.

1. Умерен внес на протеини
  • Лицата со хронична бубрежна болест треба да го ограничат внесот на протеини според препораката на лекар или нутриционист. Оптималната количина зависи од степенот на оштетување на бубрезите и целокупната здравствена состојба.
  • Најчесто препораките вклучуваат внес од 0,6 до 0,8 грама протеини на килограм телесна тежина дневно (намалениот внес на протеини не се однесува задолжително на пациентите на дијализа, кои при самата процедура на дијализата губат одредена количина на протеини).
2. Извори на протеини
  • Животински протеини: Риба, немасно месо (пилешко и мисиркино, без кожа), јајца и млечни производи со низок процент на маснотии се добар избор бидејќи ги содржат сите есенцијални аминокиселини.
  • Растителни протеини: Полнозрнести житарки и мешунки (леќа, грав, наут и сл.) или на пример тофу (сирење од соја) имаат помал ефект на преоптоварување на бубрезите во споредба со животинските протеини.
  • Храната богата со протеини обично ја следи и повисока содржина на фосфор (црвено месо, сирење, јаткасти плодови), на чиј прекумерен внес исто така треба да се обрне внимание и да се ограничи. Лекарот може по потреба да препише врзувачи на фосфат (на тој начин се осигурува потребниот внес на протеини, без да се преоптоварува организмот со фосфор). Кога функцијата на бубрезите опаѓа, нивото на фосфор во организмот се зголемува, што може да резултира со ослабнување на коските, промени на крвните садови и чешање на кожата.
Контрола на внесот на калиум

Прекумерниот внес на калиум во организмот кај бубрежните пациенти може да доведе до зголемување на нивото на калиум во крвта а со тоа и слабост на мускулите, нарушувања на работата на срцето, па и срцев застој.

1. Намалете го внесот на калиум доколку е потребно

  • Лицата со бубрежна болест треба да го ограничат внесот на храна богата со калиум, како што се банани, компири, домати, авокадо, портокали, грашок, блитва, суво овошје, млеко, ореви, чоколадо.
  • Количината на калиум може да се намали со топлинска обработка на излупениот и исечканот зеленчук, кој претходно бил натопен во вода (на пример, преку ноќ); зеленчукот како компири, тикви, батати и други може да се сварат во поголема количина на вода (пет пати повеќе од количината на зеленчук), да се фрли водата и повторно да се сварат.

2. Храна со понизок процент на калиум

  • Јаболка, круши, бобинки, грозје, зелена салата, свежа краставица се примери на храна со понизок процент на калиум, како и полнозрнести житарки, тестенини, ориз и леб.
Внес на течности: Прилагодете ја количината на потребите

Правилната хидратација е клучна за здравјето на бубрезите, но лицата со оштетување на бубрезите треба да бидат внимателни со внесот на течности за да спречат задржување на вода во телото, отоци и хипертензија. Исто така, важно е да се ограничи консумирањето на солена храна која автоматски го зголемува чувството на жед.

  • Здравиот организам бара внес од околу 2-2,5 литри течност дневно, во зависност од физичката активност, температурата и други фактори. Кај болестите на бубрезите, лекарот ќе препорача количината на внес на течности. За течности се сметаат водата, соковите, безалкохолните пијалаци, млеко и млечни напитоци, чај, супи, чорби, како и кофеински и алкохолни напитоци.
  • Водата е најдобар избор.
  • Избегнувајте газирани и слатки пијалаци како и оние богати со фосфор, како што се некои спортски пијалаци и таканаречени “кола” пијалаци.
Општи совети за здравјето на бубрезите
  • Обидете се да внесувате помалку од 5 грама сол дневно (една кафена лажичка).
  • Одржувајте здрава телесна тежина. Прекумерната тежина е поврзана со поголем ризик за развој на бубрежни болести.
  • Редовно следете го своето здравје. Лицата со дијабетес и висок крвен притисок треба редовно да го контролираат нивото на шеќер и крвниот притисок бидејќи овие фактори се главни причини за бубрежни болести.

Средна оцена:

3 (85 гласа)

Оцени: