Shopping cart

Free Shipping for all orders over $200

Big Dumbbells
$120.00 x2
Vitamin Bottle
$80.00 x2

Subtotal:

$113.00
  • Следете нѐ:

MK

|

SQ

disabled_visible

Здравствени состојби и интервенции

Читање на резултати од радиолошки преглед: Како да ги разберете и што следи понатаму?

Како изгледа радиолошкиот извештај?

  • Основни податоци – Вашето име, датум на преглед и вид на направен преглед.
  • Дијагноза и клинички податоци – Зошто е направен прегледот (на пр. болка во стомак, повреда и сл.).
  • Наод – Опис на тоа што е видено на снимката. Овде се користат медицински термини.
  • Импресија (заклучок) – Најважниот дел. Радиологот го сумира она што го смета за најзначајно.
  • Препораки – Што да се направи понатаму – контрола, дополнителен преглед или консултација со специјалист.

Што значат поимите во извештајот?

  • Нормален преглед – Не се најдени абнормалности.
  • Бенигна промена – Нешто што изгледа безопасно (на пр. циста).
  • Сомнителна лезија – Промена што треба дополнително да се испита.
  • Маса / грутка – Може да биде нешто бенигно или треба дополнителна анализа.
  • Инфламаторно – Врзано со воспаление.
  • Калцификати – Мали наслаги на калциум, понекогаш нормални, понекогаш знак за нешто друго.

Што да направите кога ќе ги добиете резултатите?

  • Не се вознемирувајте. Дури и ако нешто звучи сериозно, најчесто е потребна дополнителна проверка пред да се постави точна дијагноза.
  • Контактирајте го вашиот матичен лекар. Тој најдобро ќе ви објасни што значи извештајот во контекст на вашите симптоми и здравје.
  • Следете ги препораките. Ако се предлага контрола, дополнителен преглед или консултација со специјалист, важно е да не се одложува.
  • Зачувајте ги снимките и извештајот. Може да бидат потребни при идни прегледи за споредба.

Што е итно, а што е битно?

  • Итно – Прегледот мора да се направи што е можно побрзо, бидејќи се сомнева на сериозна или акутна состојба што бара брза реакција (на пр. траума, акутна болка, сомнеж за мозочен удар итн.).
  • Битно – Прегледот е важен, но може да почека – обично станува збор за хронични состојби или следење на состојби без акутна закана (на пр. болка во ‘рбет или во колено без повреда, мамографија и сл.).
  • Вашиот матичен лекар ќе процени дали вашиот случај е итен и ќе ве насочи соодветно.

Колку се чека за различни радиолошки прегледи? 

  • Рентген – Може да биде итен. Резултати обично истиот ден или во рок од 7 дена.
  • Ултразвук – Може да биде итен. Резултати често истиот ден доколку е итно или во рок од 7 дена.
  • Магнетна резонца (МР) Може да биде итна само кај професионални спортисти. Најчесто се чека 2–4 недели.
  • Компјутерска томографија (CT) Може да биде итна. Резултати често истиот ден или во рок од 1–2 недели.

 

Заклучок

 

  • Читањето и разбирањето на резултатите од радиолошки преглед не треба да биде стресно. Со помош на лекарот кој ве упатил – било да е матичен лекар или специјалист – можете да добиете јасна слика за состојбата и за следните чекори.
  • Не се вознемирувајте однапред – најголемиот дел од радиолошките наоди не укажуваат на сериозно заболување, туку се дел од дијагностичкиот процес.
  • Информирајте се, поставувајте прашања и – најважно – немојте да претпоставувате што значи наодот, туку секогаш следете ги препораките на медицинските професионалци.

 

Средна оцена:

2,9 (139 гласа)

Оцени: