Velvet Health е проект на Здружението на лекари специјализанти (ЗЛС), водечка организација со над 600 членови која од 2017 година активно се залага за подобрување на здравствениот систем и положбата на младите лекари во Македонија.
ЗЛС стои зад бројни иницијативи за унапредување на здравството – од зголемување на платите на специјализантите и обезбедување здравствено осигурување за приватните специјализанти, до организирање на симпозиуми и спроведување проекти за едукација и бесплатни превентивни прегледи за граѓаните.
Со Velvet Health, ЗЛС го продолжува своето мото – градење поздраво, поинформирано и поотпорно општество преку знаење, дигитална писменост и медицинска едукација достапна за сите.
Проектот Velvet Health е кофинансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Нашата мисија е да обезбедиме сигурен, бесплатен и лесно достапен извор на здравствени информации за сите граѓани. Преку иновативна дигитална платформа на македонски и албански јазик, сакаме да ги зајакнеме луѓето да носат информирани одлуки за сопственото здравје и да ја намалиме изложеноста на дезинформации.
Нашата визија е да изградиме заедница во која секој поединец – без разлика на неговиот социјален или економски статус – ќе има еднаков пристап до веродостојни здравствени информации. Стремиме кон општество каде дигиталната и здравствената писменост одат рака под рака, создавајќи услови за превенција, здрави навики и долгорочна благосостојба.